• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

The Parisian Puzzle Париска сложувалка прв роман на Анастасија Ристеска

јули 22, 2025
in На минување
The Parisian  Puzzle Париска сложувалка прв роман на Анастасија Ристеска

Во рамките на вторта вечер од манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца синоќа беше промовиран првиот роман „Париска сложувалка“ од Анастасија Ристеска од Трпејца.

Таа  од септември ќе биде деветто оделенка во ООУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани а  романот го напишала на англиски уште кога била во петто одделение.

Издавач е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид а уредник на изданието е м-р Милчо Јованоски.  

Рецензентот и промотор д-р Габриела Неделкоска синоќа пред публиката рече:

-Иако, жанрот на оваа книга цели кон младата популација на љубители на забавни мистерии во романтични градови, наративот длабоко ме навлече. Овој текст претставува импресивно достигнување со креативност, остроумност и убедливо раскажување особено кога се има предвид возраста на младата авторка. Текстот изобилува со хумор, исчекување и мистерија манифестирани преку привлечен и оригинален глас, младешки и умен. За некој толку млад, авторката покажува исклучителна зрелост и при конструирањето за заплетот, но и при развивањето на ликовите. Ритамот е импресивен, сцените течно се прелеваат, а паралелно се задржува младешката зачуденост и љубопитност. Централната мистерија е добро конструирана, а врската со тајните релации на дедото на Александра со светот на тајните служби даваат богат слој од интриги во целата приказна. Анастасија има природна склоност за раскажување, одлично владее со исчекувањето, а нејзината смисла за хумор ќе ја долови секој читател. Со повеќе искуство и зрелост, таа со сигурност ќе прерасне во силен писател со уникатен глас, рече на промоцијата д-р Габриела Неделкоска.

Младата писателка Анастасија Ристеска на промоцијата накусо го раскажа и сижето на романот:

-Кога младата уметница Александра е испратена во Париз, на мисија да го најде исчезнатиот политичар, таа е втурната во град на тајни, мистерија и опасност. Со неколку шифрирани пораки и мрежа на ексцентрични локали пред себе, Александра мора да се снаоѓа низ кривулестите улици на Градот на светлината за да дојде до вистината. Но, како што се доближува до откривањето на исчезнатиот политичар, таа открива дека ништо не е како што се чини и дека сенките на Париз може да кријат повеќе од одговори. Со доза на хумор и око за детали, Александра открива пораки на најнеочекувани места, од гламурозни гала забави до градини полни со рози и се соочува со предизвици што не можела ни да  ги замисли. Но, она што не знае е дека нејзиното истражување ќе ја доведе до откровенија што ќе и го изменат животот засекогаш.

Анастасија во својата белешка во романот напиша:

-Додека растев, бев заробена од мистериозните книги, оние што те држат во неизвесност сѐ до последната страница. Шерлок Холмс, со брилијантните заклучоци и Агата Кристи со заплетканите сложувалки отсекогаш ми биле омилениот придружник во дождливите попладниња. Преку нивните приказни се вљубив во жанрот и сонував сама да напишам една приказна. Париз, особено, секогаш ми била дестинација од соништата. Помислата да лутам по историските улици, да истражувам тајни катчиња и да ја впивам неговата магична култура е мојот постојан извор на инспирација. Иако, сѐ уште не сум била таму, пишувајќи ја приказнава, на свој начин си го исполнив сонот.  Кој знае? Можеби еден ден следната приказна ќе ја пишувам во удобно, мало кафуле во Париз, пиејќи кафе со млеко и гледајќи го градот кој оживува околу мене. До тогаш, merci beaucoup for reading, and à bientôt!

Вечерта во Трпејца со својот симпатичен настап ја збогати таначарската група составена од девочиа од Трпејца и  девочиња кои одмораат тука.

Публицитет.мк

Посетеност: 940
Share
Previous Post

Отворено 14 . „На зајдисонце“ во Трпејца

Next Post

Од 17 до 22  јули во Охрид се одржа 9-тиот Етно камп – Враќање кон корените низ занаетите, музиката и традицијата.

Next Post
Од 17 до 22  јули во Охрид се одржа 9-тиот Етно камп – Враќање кон корените низ занаетите, музиката и традицијата.

Од 17 до 22  јули во Охрид се одржа 9-тиот Етно камп – Враќање кон корените низ занаетите, музиката и традицијата.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 940

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk