Презентирајќи дел од својата предизборна програма кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Митко Тилевски вети реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и на плоштадот „Крушевска Република“.
– Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување и за таа цел ќе се пристапи кон реализација на овој проект. Планирано е да се изгради нов и модерен плоштад со кој охриѓани и туристите ќе се гордеат и ќе биде најубаво уреден центар пошироко во регионот со комплетно партерно уредување, истакна Тилевски.
Нов и модерен лик, рече Тилевски ќе добие и плоштадот „Крушевска Република“ со цел граѓаните да добијат уште едно уредено катче. На овој плоштад, додаде тој, ќе се постават канделабри со лед светилки, фонтана, садници, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.
Со ова, според Тилевски Охрид ќе добие два плоштада каде што ќе се одржуваат познати културни и музички манифестации.
Извор: www.mia.mk