За повозрасните љубители на забавната музика името на Миша Јовиќ, инаку попознат како Лео Мартин , преставува знак за препознатливост на едно време кога музиката имаше поинакво име.
Кога ќе се споменат неговоте хитови –„ Одисеја“;„ Јас те сакам“;„Кажи ми што е љубов“;„ Лека ноќ, драги, лека ноќ , драга“; „ Светот без тебе“;„Збогум , Кристина“;„ Еднаш кога ќе се вљубиш“…веднаш се навраќаме во почетокот на осумдесетитегодини од изминатиот век кога фестивалите на забавна музика преставуваа едно од најважните места за промоција на нова музика.И не само тоа , тие беа вистинска арена за натпревар помеѓу интерпретаторите, композиторите , текстописците, аранжерите…Песните изведени на фестивалските сцени ( кои ги имаше во голем број во рамките на некогашната Југославија) го чинеа костурот на музичките програми на радиото и телевизијата.
Навраќајќи се во тие години, овојпат ќе се потсетиме на еден голем музички хит во изведба на веќе споменатиот Лео Мартин. Се работи за композицијата „ Јас те сакам“ за која музиката ја напиша Војкан Борисављевиќ , кој ги компонира можеби најубавите песни за Лео Мартин, а текстоt е дело на Свето Вуковиќ, еден од најдобрите текстописци во некогашната држава.Песната е изведена на фестивалот „ Белградска пролет“ во 1973 година каде ја освои втората награда на публиката.Многумина оваа песна ја прогласија за една од најубавите љубовни балади и вонвременски хит.
Има еден мошне интересен детал околу текстот за оваа песна , за кој во една прилика говорел самиот автор Свето Вуковиќ – инаку позната тв водител .
„ Беше тоа во 1973 година на фестивалот „ Белградска пролет“. Најмногу мразев да пишувам текстови на готова музика.
Една од нив беше „ Јас те сакам“. Се изнамачив додека ја пишував. Само кога ќе сетам, во студиото ме чекаат целиот оркестар, Лео Мартин,Војкан Борисављевиќ…Влетувам во студиото, им го врачувам текстот напишан на рака и низ заби им велам:Ова сега го праванм , и никогаш повеќе. Истиот момент се свртувам и заминувам, бидејќи веќе имав букиран одмор на Златибор“ раскажал Свето.
Тие што останале во студиото започнале да го толкуваат она што Свето им’ го напишал. Се’ им било јасно , освен една реченица. Никако не можеле да го прочитаат ракописот на Свето.Кога им здодеало да го толкуваат, Лео Мартин го зел моливот и на тоа спорно место ,на кое текстописецот никогаш не можел да се сети што напишал, допишал:„ Не се важни зборовите„. Така , останале оние прочуени зборови „О, те сакам, не се важни зборовите“.
ЧЕКОРИТЕ ТВОИ, НЕМИ И ДАЛЕЧНИ
ВЕЌЕ ОДАМНА НЕКАДЕ ГО НАШЛЕ СВОЈОТ МИР
ТВОИТЕ РАЦЕ БЕА НЕЖНИ
ТВОИТЕ ОЧИ ЗБОРУВАА СЕ’
О, ТЕ САКАМ , ДУШО МОЈА
ЈАС ТЕ САКАМ КАКО ЖИВОТОТ СВОЈ
…
Ова се дел од стиховите на оваа прекрасна балада на која ве потсетуваме со оригиналната изведба на Лео Мартин од 1973 година.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк