• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

Тоа беа години: Кога ќе се роди дете

јануари 1, 2020
in Тоа беа години
Тоа беа години: Кога ќе се роди дете

Во овие празнични денови кога се наоѓаме на прагот на Новата година и кога наскоро ни доаѓаат и божиќните празници, еве потсетување на една пригодна празнична песна која го слави раѓањето на дете како симбол на раѓање на нешто ново ,чисто, полно со надеж.

Интерсно е да се каже дека во стиховите на песната никаде не се споменува конкретно Божиќ, но важноста што му се придава на нетрпението при  раѓањето на едно одредено дете , на кое било место,на некој начин сугерира на раѓањето на Исус Христос.

Се работи за Божиќната песна „ Кога ќе се роди дете“која во оригинал е насловена како „ Солеадо“. Песната е создадена во 1974 година од Циро Дамико, композитор на италијанскиот ансамбл Даниел Сентакруз и Даниел Балдан Бембо. Мелодиската линија на песната е темелена врз предходната мелодија на Дамико „ Ле ро блу“ која била објавена во 1972 година..

Стиховите за песната на англиски јазик  биле напишани неколку години подоцна од страна на Фридрих Алекс Јасејкобсон кој напишал многу хитови за групата Бони Ем како што се „Распутин“ и „ Ма Бекер“.

Песната е испеана од многу интерпретатори од кои можеби најдобра и најпозната верзија е онаа во изведба на Џони Матис од ноември, 1976 година чија верзија беше број еден во Велика Британија за време на Божиќните празници.

Ова беше единствениот број еден сингл  во Велика Британија на Џони Матис , кој таму се задржа три недели во декември 1976 година.Синглот бил продаден во 885000 примероци а спотот со оваа божиќна песна бил прогласен за најдобар.

Неколку години подоцна Матис ја сними истата песна и во дует со Гледис Најт и Пипс.Оваа верзија истотака се искачи на топ листата за синглови во Велика Британија

искачувајќи се на 79 место.

Песната доживеа голем успех ширум светот . Таа може да се слушне во изведба на неколку најпознати пејачки имиња као што се:Групата „ Бони Ем“, Бинг Крозби, Џуди Колинс, Кени Роџерс, Сара Брајтман, Муди Блуз, Вили Нелзон, Ил Диво, Миреј Матје, Андреа Бочели, Плесидо Доминго, Демис Русос, Шила Блек, Карел Гот …

Освен тоа таа доживеа и голем број на препеви на многу светски јазици што на некој начин ја потврдува нејзината универзалност. Песната може да се слушне и на шпански, германски, француски, унгарски, турски, чешки, полски, италијански, латвијски, дански, грчки па дури и на кинески.

Ве потсетуваме на оваа прекрасна музичка нумера со најпознатата изведба на Џони Матис.

 

 Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 90
Share
Previous Post

Новата година во Охрид пречекана без нарушувања на јавниот ред и мир

Next Post

Градоначалникот Георгиески од градскиот плоштад им ја честита Новата година на граѓаните и туристите

Next Post
Градоначалникот Георгиески од градскиот плоштад им ја честита Новата година на граѓаните и туристите

Градоначалникот Георгиески од градскиот плоштад им ја честита Новата година на граѓаните и туристите

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 90

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk