Многумина кога ќе ја слушнат прекраснта љубовна балада „Кога ми требаш“ во изведба на некои од најпознатите интерпретатори како :Селин Дион ,Хулио Иглезијас, Род Сјуарт или Клиф Ричард , Силви Вартан , Лио Сајер…веднаш помислуваат дека песната е напишана токму за нив.
Но , оваа прекрасна љубовна песна со исклучителен текст кој ги изразува чуствата на вљубените, е стара точно 45 години.Ја напишале Алберт Хамонд и Керол Баер Сагер. Песната прв ја испеал Алберт Хамонд кој ја ставил на албумот кој тој го издал во 1976 година.Хамонд освен како пејач се прослави и како композитор и текстописец кој соработувал со Селин Дион, Арета Френклин, Витни Хјустон, Дијана Рос, Тина Тарнер, Лео Сајер, Хулио Иглесијас, Вили Нелсон, Бони Тајлер…Како пејач се прослави со неговиот голем хит од 1972 година „Никогаш не врне во Јужна Калифорнија“.
Керол Баер Сагер е американски текстописец но и пејачка. Таа ги потпишува текстовите на песните за најпознатите пејачи а е добитник и на повеќе вредни награди како Оскар и два Златни глобуси.
Песната „Кога ми требаш“ станува огромен хит ширум светот во 1977 година кога ќе ја испее Лео Сајер . Таа ќе се искачи на врвот на топ листата за синглови во Велика Британија за три недели во февруари 1977 година.Песната во месец мај се искачи на првото место на Билборд Хот 100.
Веќе споменавме дека песната може да се слушне и во изведба на многу други светски познати интерпретатори.
Така италијанската пејачка Миа Мартини во 1977 година сними италијанска верзија на оваа песна насловена како „Ако те сакам“ за нејзиниот албум со наслов „Да те сакам“.
Истата година познатиот американски пејач Пери Комо ,направи своја верзија од оваа песна за албумот „Каде сте загрижени“.
Во 1977 година своја верзија на овој голем хит на француски јазик направила , тогаш мошне популарната пејачка Силви Вартан. Песната била насловена како „Простувам“ а била поместена на нејзиниот албум „Жорж“.
По такаречи цели 20 години, во 1996 година, Род Стјуарт ја сними оваа песна за компилацијата од балади , насловена како „Ако се заљубиме вечерва“.
Две години подоцна , во 1998 година , Селин Дион песната „Кога ми требаш“ја издаде како промотивен сингл од албумот „Да разговараме за љубовта“и тоа само во Бразил.Инаку албумот со оваа песна беше издаден на 15 .ноември 1997 година.
Авторите на песната „Кога ми требаш“ со Селин Дион соработуваа и на неколку други песни. Така, Алберт Хамонд за Селин ја напиша песната „Само прошетај“ за потребите на нејзиниот албум „Бојата на мојата љубов“(1993) а Керол Баер Сегар ја напиша песната „Молитва“ која се најде на нејзиниот албум „Овие специјални времиња“ (1998).
Песната во 2007 година ја сними и популаниот англиски пејач Клиф Ричард кој со оваа песна успеа да се искачи до 38 место на табелата за синглови во Велика Британија.
Една од најубавите верзии на оваа песна секако е онаа во изведба на шпанскиот интерпретатор Хулио Иглезијас кој ја сними во 1994 година.
Секако треба да се спомене и верзијата на Лутер Вандрос кој во 1998 година ја стави на неговиот албум „Јас знам“.
Песната може да се слушне и во изведба на групата „Бони М“ и Мајкл Џексон.
За популарноста на оваа прекрасна балада говори и податокот дека таа доживеа и неколку препеви на други јазици како и голем број на инструментални верзии во изведба на најпознати светски оркестри.
Од многуте изведби се одлучивме да ве потсетиме на неа со онаа од 1996 во интерпретација на Род Стјуарт.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк