• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

Тоа беа години: „Лето“ – Пилоти

јуни 30, 2021
in Тоа беа години
Тоа беа години: „Лето“  – Пилоти

Десетина дена веќе сме во календарското лето, кое оваа година ,што се однесува до времето , е навистина онакво  како што сите го посакуваат .

А за летото , како тема, напишани се и испеани голем број на песни од кои некои се вистински евергрини.

Овој пат ќе ве потсетиме на една композиција од далечната 1988 година на групата „Пилоти“ насловена, едноставно  „Лето“која беше голем летен хит но која и по долги години се слуша со задовлство иако од нејзиното создавање поминаа точно 33 години.

Песната ја напиша Зоран Лесендриќ –  Кики а беше дел од четвртиот албум на групата

„Пилоти“ кои тие го издадоа во 1988 година кој беше насловен како „ Насмевка на летната ноќ“.Песната „Лето“ го обележа овој нивни четврти албум за кој сите песни ги напиша водачот на групата Лесендриќ.

Инаку , српската рок група од Белград „Пилоти“ е создадена од музичарите од групата „Како“. Во првата оригинална  постава биле Зоран Лесендриќ – Кики(вокал , гитара), Драган Андриќ(бас гитара), Горан Богиќевиќ (гитара) и Ненад Антанасијевиќ (тапани).Нивниот најголем успех во тој период бил тоа што свиреле како предгрупа на „Бијело Дугме“ на нивниот концерт на стадионот на ЈНА во 1979 година.

Својот прв албум групата го објавува во август 1981 година а посладниот , десетиот по ред, пред извесн период.

Во 1991 година „Пилоти“се појавија на фестивалот „Белградска пролет“со песната „Девојко мала“ по повод триесет години од создавањето на фестивалот.

Две години подоцна групата го издава албумот со музиката од филмот „Заборавени“. Песните ги напишале Лесендриќ , Марина Туцаковиќ, Горан Бреговиќ и Лаза Ристовски.Најголем хит од овој албум била насловната песна „Заборавени“.

Еден од најинтересните албуми , во композиторска смисла , е оној од 2012 година , насловен како „Случајно и засекогаш“. Покрај Лесендриќ , дел од песните ги напишале Млаѓан Динкиќ (своевремено министер за економија на Србија ) и Ѓорѓе Балашевиќ.

 

Од создавањето па се’ до раните девеесети години од изминатиот век, оваа музичка група беше една од најпознатите музички групи на просторите од некогашната Југославија. Во текот на годините се менувале членовите на групата. Направиле и две поголеми паузи во својата работа, меѓутоа тоа не влијаело на нивната популарност.

Освен десетте студиски албуми тие имаат издадено и четири компилациски албуми како и еден албум во живо.

Познати и препознатливи се и нивните настапи на концерти во живо кои тие ги имаат одржано во Србија, Хрватска , Босна и Херцеговина  но и во Полска и Италија.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 181
Share
Previous Post

„Скопски разговори“ од Свето Стаменов и Милан Јазбец

Next Post

На 1-ви и 2-ри јули Охрид и Отешево ќе бидат домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

Next Post
На 1-ви и 2-ри јули Охрид и Отешево ќе бидат домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

На 1-ви и 2-ри јули Охрид и Отешево ќе бидат домаќини на највисоките претставници од САД, Европа и регионот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 181

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk