Една од најубавите филмски музички теми секако е композицијата „ Месечевата река“ чиј композитор е Хенри Манчини. Тексот е дело на Џони Мерсер.Манчини песната ја напишал во 1960 година за потребите на филмот „ Појадок кај Тифани“ , филм кој преставува вистинска класика во седмата уметност.
Композиторот Манчини доби две награди Оскар за музика за овој филм. Едниот во категоријата најдобра оригинална песна и вториот за најдобра музика во комедија /драма.Песната ја освои и наградата Греми за најдобра песна а беше прогласена и за најдобра песна во 1960 година.
Оваа музичка тема како инструментална верзија може да се слушне на самиот почеток од филмот а во вокална изведба во една од подоцнежните сцени од филмот кога носителката на главната улога во филмот , Одри Хепберн, ја пее во придружба на гитара на отворениот прозорец од нејзиниот стан кој гледа на сигурносните скали, а еден кат погоре ја слуша нејзиниот комшија Пол„ Фред “ Варјак кој го игра актерот Џорџ Пепард.
Има еден интересен момент сврзан токму со оваа композиција и изведбата на Хепберн.Имено , по слабиот прием на филмот во Лос Анџелес , извршниот директор на компанијата Парамаунт Пикчерс , побарал суспендирање на песната од филмот.Реакцијата на Одри Хепберн била остра и недвосмислена:„ Само преку мене мртва“ , рекла таа.
Верзијата на албумот со музиката од филмот била снимена од страна на оркестарот и хорот на Мачини ( без вокалот на Одри Хепберн) и бил издаден на 8. Декември.1960 година.Композицијата беше издадена и како сингл плоча во 1961 година и се искачи на 11 место на најслушаните песни во декември истата година.
Во 1933 година , по смртта на Хепберн, нејзината изведба беше издадена на албумот насловен како „ Музика од филмовите на Одри Хепберн“.Во 2004 година , верзијата на Хепберн се најде на четвртото место меѓу 100 те најдобри песни според Американскиот Филмски Институт.
„ Месечевата река“ доживеа голем број на вокални и инструменрални изведби. Една од најпознатите вокални изведби е секако онаа на Енди Вилијамс кој за прв пат ја сними во 1962 година а ја изведе и на церемонијата на доделување на Оскарите во истата година.Верзијата на Вилијамс никогаш не била издадена како сингл плоча туку како дел на албуми кои ги издал овој познат интерпретатор.
Песната доживеа стотина изведби .Меѓу најпознатите секако се оние вокалните на Френк Синатра, Џуди Гарланд, Сара Вон, Луис Армстронг, Сара Брајтмен, Барбара Стрејсенд, Андреа Бочели, Чеви Чејс …и оркестрите на Мантовани, Франк Пурсел, Пол Мориа, Рејмон Лефевр, Реј Кониф, Хуго Штрасер, Џејмс Ласт…
Темата е е искористена и за потребите на неколку филмови како и телевизиски серии.
Потсетување на оригиналната изведба на Одри Хепберн , во сцена од филмот „Појадок кај Тифани“.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк