Во светот на популарната музика голем е бројот на изведувачи кои постигнале светски успех со една единствена композиција која станала нивен заштитен знак иако потоа на сцената опстојувале подолг период.Таков е случајот со музичкиот хит „ Мисисипи„ во изведба на холандската кантри поп група „ Пусикет“.
Песната ја напишал Вернер Теунисен во 1969 година кој бил инспириран од песната „Масачусетс“ на групата „Би Џиз“.Песната го привлекла вниманието на компанијата Еми Бовема и тие го издаваат нивниот сингл во април 1975 година.До декември истата година песната успева да се искачи на првото место на холандската листа на синглови.
Меѓународниот успех доаѓа во следната 1976 година кога песната ги завзема прите места на топ листите во Белгија, Германија , Ирска, Нов Зеланд,Норвешка, Јужна Африка, Швајцарија и Велика Британија.Таа станува мошне популарна и во Австралија искачувајќи се на второто место, потоа во Австрија каде го достигнува четвртото место како и во Шведска каде се искачува до шестото место.
Интрерсно е да се спомене дека во Јужна Африка „ Мисисипи“ бил најпродаваниот сингл во 1977 година.Се проценува дека синглот со оваа песна во светски рамки бил продаден во повеќе од пет милиони примероци.
Надвор од Холандија групата „Пусикет“со своите синглови честопати беа на првите места на топ листите во Нов Зеланд и Јужна Африка.
Инаку , пред да се формира бендот , трите сестри Ковалчик (Тони, Бети и Маријана) биле телефонски оператори во Лимбург. Останатите машки членови на групата Теунисен,Велцес и Куманс биле членови на групата „ Скум“. Четвртиот член на машкиот дел од групата Лу Виле , кој бил сопруг на Тони,бил член на групата „Рики Рендал“. Тој заедно со останатите тројца и трите сестри ја создаваат кантри поп групата „ Пусикет“ која по успехот на песната „Мисисипи“ ќе опстојуваат цели 10 години на сцената издавајќи 17 албуми и остварувајќи голем број на турнеи низ Европа но и Јужна Африка.
Иако во тој период издаваат уште неколку хитови како :„ Ако некогаш дојдеш во Амстердам“, „ Влажен ден во септември“, „ Моите скршени сувенири“, „Насмевка“,„ Еј Џо“ и „ Џорџи“,сепак „ Миисисипи “ остана нивен бренд.
Останува да се потсетиме на оваа убава песничка и со нејзините звуци да се навратиме назад во времето, во далечната 1976 година.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк