Повторно се навраќаме цели 60 години наназад за да се потсетиме на еден голем музички хит од 1959 година .Се работи за композицијата „ О,Керол“ напишана од Нил Седака и Хауард Гринфилд во 1958 година.
Во 1959 година , кога песната била издадена како сингл грамофонска плоча, се искачила на 9 тото место на американската топ листа.
Интересна е приказната за создавањето на оваа песна.Имено , во тој период Седака ги издал вториот и третиот сингл кои слабо поминале на топ листите ,а компанијата
RCA Victor ( која ги издала сингловите)сакале дури и да ја откажат соработката со Седака. Но,продуцентот Ал Невинс ги убедил директорите на компанијата на Седака да му дадат уште една последна шанса.Решен да создаде хит – песна со која ќе ги освои директорите на компанијата,Седака ги купил трите сингла со песните кои тогаш биле на врвот на топ листите и постојано ги слушал, проучувајќи ја нивната мелодија,прогресијата на акордот и лирските стилови. Притоа тој открил дека тие се многу слични меѓу себе во својата структура.ги искористил овие сознанија и ја создал песната „ О, Керол“.
Името на песната „Керол“, Седака и’ го посветил на девојката Керол Кинг со која излегувал додека биле во средно училиште која всушност се викала Керол Клајн ,која подоцна станала пејачка и текстописец. Подоцнежниот сопруг на Керол Кинг, текстописецот Гери Гофин , на истата мелодија напишал нов текст и го именувал како „ О, Нил“а неговата сопруга Керол го снимила синглот со оваа песна кој не постигнал забележителен успех.
Инаку, синглот на Седака се искачил на првото место во Италија и таму останал цели четири недели.Се случило тоа во 1960 година.
Изведбата на Седака на песната „ О, Керол“ е карактеристична по тоа што дел од втората строфа на песната тој ја рецитира.
Седака снимил верзија и не еврејски јазик чиј текст го напишал Хаим Кајнан. Песната доживеала уште неколку изведби на други јазици кои истотака доживеале голем успех.
Интересно е да се спомене и тоа дека на страната Б од синглот со хит песната „ О, Керол“ се наоѓа песната „ Билет за еден правец“ која доживеала исто така голем успех особено во Јапонија каде во 1960 година се искачила на првото место на нивната топ листа.
Големиот хит на Нил Седака може да се слушне и во изведба на повеќе други изведувачи како на пример:
„составот „ Четири сезони “ (1962, „ Сините дијаманти“ (1960), дуетот „ Динамико“ (1961), Еди Перегрина ( 1972) , Групата„ Волк“ од Хрватска ( 1984) „ Баби Раста Бенд“(1994) , „ Домино“ (1995) и други.
Потсетување на оригиналната изведба на Нил Седака од 5. декември .1959 година.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк