Овие денови во дневниот печат,на интернет порталите и тв екрани на големо се пишува и говори за еден објект кој стана културен симбол на градот Скопје но и пошироко. Се работи за објектот Универзална сала кој беше изграден по земјотресот со средства од меѓународната помош кој во меѓувреме во годините потоа стана центар на културните збиднувања.
Таму, се одржуваа фестивали на забавна , народна и џез музика, таму се одржуваше фестивалот на детски песни, концерти на сите најголеми естрадни ѕвезди од домашната но и Југословенската сцена од забавната и фоллк сцена…Таму своите први настапи ги имаа голем број на домашни изведувачи кои станаа вистинск ѕвезди кои и денес сјаат на нашето естрадно небо. Таму , понекогаш се одржуваа и филмски проекции, филмски ревии но и премиери на театарски претстави.
За многумина овој објект преставува вистинско култно место на нивната младост кога за првпат влегле низ голема врата во светот на возрасните…
Но,од пред неколку години објектот е затворен од безбедносни причини и заради својата нефункционалност.Беа предложени и изготвени повеќе варијанти за негово реставрирање, дислокација или рушење со изградба на нов објект на истата локација.За идната судбина на овој објект во игра е дури и референдум на кои граѓаните би се изјасниле за неговата судбина .Како ќе се одвиваат работите останува да покаже времето.
Сето ова , беше причина да се вратам во годините наназад кога овој објект ги имаше своите ѕвездени мигови кога во 1968 година токму таму започна да се одржува Скопскиот фестивал на забавна музика кој прерасна во еден од најреномираните фестивали од овој вид во Југословенски рамки. Фестивалските нумери беа изведувани од најпознатите македонски и југословенски изведувачи во придружба на оркестри на Македонската радио телевизија.Да се пее на овој фестивал беше вистински предизвик а да се добие некоја од наградите вистински престиж.
Од богатата ризница од овој фестивал за оваа прилика ќе ве потсетам на првонаградената композиција „ О, љубов неверна“ во изведба на Зафир Хаџиманов за која музиката ја напиша Александар Џамбазов, еден од основоположниците на македонската забавна музика чиј придонес (заедно со уште неколкумина)ќе биде запишан
со златни букви во историјата на македонската забавна музика.
Песната беше дел од Скопскиот фестивал на забавна музика кој се одржа во 1978 година.
Интересно е да се каже дека Зафир Хаџиманов во дует со Љупка Димитровска станаа победници на првиот Скопски фестивал на забавна музика со песната „Срамежливи луѓе“ која во алтернација ја пееја Виолета Томовска и Диме Поповски.
Зафир Хаџиманов на Скопскиот фестивал настапи уште неколкупати . Секој негов настап остави длабоки траги во домашната музика но и песни кои станаа вистински македонски хитови:„ Панаѓур“ (1971), „ Како Вардар“(1972), „ Туѓа си“ (1974), „ Малечка моја“(1975)…
Освен неговите настапи на Скопскиот фестивал се паметат и неговите настапи на фестивалите во Опатија, Загреб, Сплит, Сарајево,Белград,Суботица… каде освои голем број на награди како композитор, текстописец, изведувач…Тој е еден од најголемите амбасадори на нашата земја кој долги години наназад живее ,работи и твори со своето успешно семејство во Белград.За неговото творештво кое го опфаќа и театарот, филмот(го има завршено Факултетот за драмски уметности во Белград) пишаниот збор и што уште не ,може да се говори уште многу.
Овој пат ќе застанеме тука со рефренот од песната на која денес се потсетуваме:
„О љубов неверна, дај ми едно утро свое. Сал тага чемерна, само немир носи денов мој.“
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк