Пред десетина дена познатото музичко списание „Ролинг Стоун“ја објави својата најнова лиата на 500 најголемите песни на сите времиња. На врвот на оваа листа се најде песната “Почит“ во изведба на кралицата на соулот , Арета Френклин.
Според списанието, овој хит од 1967 година „бил катализатор на рокенролот , госпелот и блузот за да создаде модел за соул музиката“.Во своите мемоари од 1999 година , Френклин напишала дека песната „Почит“ја изразува потребата од почит и на просечниот маж и жена на улица, бизнисмените, мајките, пожарникарите, учителите…
Ова е првата ваква листа која е објавена по 2004 година.Од тогаш, по природата на нештата,музиката се менуваше –се јавуваа нови изведувачи и музички жанрови.Во овој избор на најдобри песни учествувале повеќе од 250 уметници, музичари, продуценти критичари и новинари,а на листата се појавиле дури 254 нови песни.
Песната „Почит“ја напишал и оригинално ја снимил американскиот соул пејач Отис Рединг уште во 1965 година. Таа била издадена како сингл од неговиот трет албум „Отис Рединг пее соул“.
Во 1967 година неговата колешка, соул пејачката Арета Френклин направи своја верзија на оваа песна која ја надмина изведбата на оригиналот на Рединг и стана голем хит. Мора да се спомене дека музиката во двете верзии е значително различна а има и промени и во стиховите што резултира со различни наративи околу темата за човековото достоинство кои се протолкувани како коментари за традиционалните родови улоги.
Толкувањето на Френклин стана своевидна химна за феминистичкото движење во 1970 – тите. Честопати таа се сметаше за една од најдобрите ритам и блуз песни во својата ера.
Во 1968 година Френклин со изведбата на оваа песна заработи две Греми награди во категориите „Најдобра ритам и блуз снимка“и „Најдобра женска изведба на ритам и блуз“.
Во 2002 година , верзијата на Френклин се најде во библиотеката на Конгрсот, поточно во националниот регистар за снимање.Во 2004 година песната се најде на петтото место на најголемите песни помеѓу избраните 500 песни на музичкото списание „Ролинг Стоун“ за во оваа 2021 да се најде на првото место во новото рангирање на ова списание.
Освен тоа , таа е вклучена и во листата „Песни на векот“ направена од Снимателската индустрија на Америка и Националната фондација за уметност.
Песната доживеа голем успех и во Европа искачувајќи се на топ листите на најслушани песни во повеќе европски земји.
Честопати песната „Почит“може да се слушне во повеќе филмови а во оваа 2021 година песната е актуелна со биографскиот игран фимот „Почит“ кој говори за животот на Арета Френклин чиј лик го толкува актерката Џенифер Хадсон.
Една од најпопуларните кавер верзии на оваа песна е онаа во изведба Дијана Рос и групата „Сјупримс“.
Потсетување на неа со изведбата на Арета Френклин.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк