Лето е. А во лето се знае. Тоа е време за забава, одмор, прошетки , музика…А секое лето обично носи по некоја музичка нумера која во себе ги содржи сите нешта што ги нуди летото. За жал, ова лето во многу нешта е поразлично од изминатите .Многумина ,од добро познатите причини, сигурно ќе ја пропуштат посакуваната и планираната дестинација за одмор па затоа некои од нив во своите мисли можеби ќе се потсетат на некое од изминатите лета кога доживеале нешто убаво што ќе им го гали срцето како летното сонце.
За да го заокружиме овој летен сон се навраќаме точно 50 години во далечната 1970 година за да ве потсетиме на еден голем летен музички хит на британскиот рок бенд
„ Мунго Џери“. Се работи за нивниот деби сингл и композицијата „ Во лето“, напишана од нивниот пејач Реј Дорсет.Песната, разбира се , ги слави безгрижните денови на летото.
Песната стана вистински летен хит кој ги освои првите места на музичките топ листи во целиот свет.Така, во Велика Британија песната остана на врвот на најслушаните синглови цели седум недели, во Канада на врвот остана две недели а на листата на синглови на Билборд 100 во САД се искачи на третото место.Воедно, синглот со оваа песна стана еден од најпродаваните синглови на сите времиња кој се продаде во 30 милиони примероци.
Дорсет подоцна изјавил дека зборовите за песната ги напишал за десет минути а музиката ја одсвирел на својата гитара Фендер кога се вратил од работното место во лабораторијата „ Тимекс“.
Интересно е да се спомене дека првичното издание во Велика Британија било на „ Даун Рекордс“ и тоа како макси сингл на 33 и 1/3 вртежи во минута, додека сингловите генерално беа на 45 вртежи во минута.
Во едно подоцнежно интервју Дорсет ја открил и „тајната“ како го снимиле звукот на мотрциклот кој накусо се појавува кон средината на песната.Бидејќи не можеле да најдат моторцикл во моментот на снимањето, инжинерот за звук Хауард Бери им го понудил својот стар спортски автомобил „ Триумф“ кој го возел околу студиото додека еден од помошниците го држел микрофонот со кој го ловел испуштениот звук од автомобилот.
Песната доживеа и неколку кавер верзии.Една од попознатите е онаа која во 1995 година
ја издаде јамајско – американскиот рапер Шаги која беше главна песна од неговиот трет судиски албум „ Бомбастик“. Една година подоцна , песната беше повторно снимена и објавена од страна на Шаги ,специјално за потребите на филмот „ Флипер“.
Кога повторно ќе се слушне овој голем хит , ретко кој од повозрасните ќе се помири со тоа дека изминал половина век кога за прв пат го слушнале овој летен хит.„Како тоа да беше вчера…“ ќе речат многумина од нив.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк