Вчера,(8 .декември) се навршија точно 40 години од убиството на Џон Ленон еден од најпознатите и најдобрите музичари во светот на поп музиката.
По тој повод се навраќаме во 1971 година за да се посетиме на една од неговите најпознати и најдобри композиции кои тој ги направи во својот прерано прекинат живот.Се работи за композицијата „ Замисли“од неговиот истоимен албум кој е издаден во 1971 година.Синглот со оваа песна е најпродаваниот во неговата соло кариера.
Тој во оваа песна на слушателите им порачува да замислат свет во мир без граници или поделби по религии и националност и да ја разгледаат можноста целото човештво да живее независно од материјалните добра.
Непосредно пред неговата смрт тој изјавил дека голем дел од текстот на песната е дело на неговата тогашна сопруга Јоко Оно. Во 2017 година беше потвредено нејзиното ко-авторство за текстот на оваа песна која стана една од најзначајните во творештвото на Џон Ленон.
Песната како сингл е издадена во октомври 1971 година во САД и веднаш се искачи на третото место на Билборд хот 100.Во Велика Британија песната за првпат како сингл е издадена во 1975 година каде се најде на шестото место на топ листата на синглови во оваа земја. По убиството на Џон Ленон во 1980 година песната се најде на првото место во Велика Британија.
Според БМИ (организација за остварување на авторските права во САД)песната „Замисли“ е прогласена за една од 100 те најизведувани песни на 20 век.Истражувањето спроведено во 2002 година во Велика Британија за британски хит синглови за книгата на Гинисови рекорди, го прогласи за втор најдобар сингл на сите времиња а познатото музичко списание Ролинг Стоун ја рангираше оваа песна на третото место во 2004 година на ранг листата именувана како „500 најголеми песни на сите времиња“.
Од 2005 година организаторите на настанот дочек на Новата година на Тајм Свер во Њујорк пред да се спушти сталената топка , ја пуштаат песната „Замисли“.
Откако песната беше изведена на затворањето на Летните олимписки игри во 2012 година , таа повторно се искачи на Топ 40 во Велика Британија завземај ќи го 18 .место
Во 2015 година , американската пејачка и текстописец Лејди Гага ја изведе песната на церемонијата на отворање на Европските игри пред 70000 публика во Баку, Азебејџан , кој беше домаќин на настанот.
Во 2018 година песната беше изведена на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игреи во Пјонгчанг (Јужна Кореја).
Истата година Јоко Оно издаде соло изведба на песната за прв пат откако е признаена како ко-автор на текстот.
Во март 2020 година , како одговор на пандемијата на корона вирусот , актерката Гал Гадет објави неформална верзија на песната со учесто на голем број на музички ѕвезди, на инстаграм но не го доживеа посакуваниот успех.
Интересно е да се спомене дека песната и понатака по такаречи 50 години од нејзиното објавување предизвикува контроверза заради нејзиното барање светот да се замисли без религија.
Досега песната доживеала над 200 изведби од различни изведувачи вклучувај ќи ги и Мадона, Стиви Вондер,Џоан Баез, Лејди Гага,Елтон Џон и Дијана Рос кои своите изведби на песната ги направиле на своите големи концерти во живо пред повее иљадна публика.
До 2013 година „ Замисли“ како сингл е продаден во 1,6 милиони примероци во Велика Британија.
Ве потсетуваме на оваа химна на светот каков што треба да биде , во оригиналната изведба на Џон Ленон со спот кој преставува и дел од филмот „Замисли“ издаден во 1972 во кој се појавуваат неколку познати личности како Енди Ворхол, Џек Паланс, Дик Кавет и Џорџ Харисон.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк