Голем број на филмски музички теми ја доживеале истата популарност како и филмовите за кои се напишани. Некои од нив дури ја надминале и популарноста и на самите филмови. Секое слушање на овие теми обично значи и потсетување на самиот филм што во некоја рака преставува двојно задоволство.
Овојпат ќе се потсетиме на музичката тема од филмот „ Кум“ од 1972 година напишана од композиторот Нино Рота.
Оригиналната верзија всушност преставува инструментална тема која едноставно е позната како„Љубовна тема од филмот Кум“. Првата инструментална верзија била во изведба на пијанистот Роџер Вилијамс и на топ 100 листата дебитирала на 1.април.1972 година каде останала цели пет недели.
Верзијата која е во изведба на музичкиот директор на филмот „ Кум“ Карло Савина и неговиот оркестар е всушнот оригиналната верзија од филмот која како саундтрак е издадена на 22,.април .1972 година и на топ 100 листата се искачила до 66 место а таму останала цели 10 недели.
Наскоро за оваа љубовна музичка тема бил напишан и текст чиј автор е Лари Кусик.Најголем успех и воедно најпозната вокална изведба е онаа во интерпретација на Енди Вилијамс.Темата го добила името„ Зборувај тивко љубов“ и топ листата на Билборд 100 се искачила до 34 место и таму останала цели 11 недели.Голема популарност доживеа и изведбата на Ал Мартино која на истата листа се искачи до 80 место.
Мошне брзо песната била препеана на француски, шпански, италијански и сицилијански јазик. На француски ја испеа Далида а на сицилијански Ентони Корлеоне (Франк Д’Амброзио) кој ја изведе во филмот „ Кум“3.
Музиката од филмот „ Кум“била пријавена за номинација за наградата Оскар во категоријата најдобра оригинална песна но таа номинација била дисквалификувана од страна на Академијата одкако се открило дека композиторот Нино Рота слична тема искористил за потребите на филмот „ Фортунела“ во 1958 година.
Сепак , две години подоцна , во 1974 година, Нино Рота добива Оскар за најдобра оригинална музика за филмот„ Кум“ 2 и покрај тоа што музиката го содржи и спорното папарче од предходниот филм.
Оваа позната музичка тема доживеа голем број на вокални и инстументални изведи. Такаречи не постои голем оркестар или инструменталист кој на својот репертоар ја нема оваа тема на Нино Рота.
Инаку, една од последните вокални изведби е онаа на италјанскиот интерпретатор Андреа Бочели кој во 2015 година на својот албум „ Синема“ ја отпеа сицилијанската верзија на оваа музичка тема.
Потсетување на оваа песна за сите времиња ,во изведба на Енди Вилијамс.
Пишува: Ѓоко Симјаноски,Публицитет.мк