• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

„Томас Кук“ ги поврза авионски Охрид и Брисел

јуни 20, 2016
in Актуелно

Од денес Охрид авионски е поврзан со Белгиската и европска престолнина Брисел. Рано утрово на охридскиот аеродром “Свети Апостол Павле“ слета авионот на најголемиот европски тур – оператор “Томас Кук“. Традиционално со воден мост, гостите од Белгија ги пречекаа градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, Серхај Карахатај, маркетинг координатор на ТАВ и директорот на ТАВ Македонија Зоран Крстевски.

Во изјава за медиумите, Бакрачески истакна дека е многу задоволен од начинот на кој профункционира охридскиот аеродром оваа сезона:

– Со ова дефинитивно Охрид се поврзува со европската и белгиската престолнина Брисел, со што на листата ставивме уште една евро-дестинација, со која Охрид и целиот регион ќе може да комуницираат и да привлекуваат гости од овие дестинации. Дозволете ми да ја искажам својата благодарност до туристичкиот гигант Томас Кук, до ТАВ аеродроми, Фибула Травел и секако до Владата на Република Македонија , особено Агенцијата за промоции и поддршка на туризмот , за финално реализирање на оваа навистина значајна соработка со градот Охрид, која ќе претставува значајно зголемување на бројот на туристи и ноќевања во градот, придвижување на локалната економија и зголемување и на бројот на летови кон и од охридскиот аеродром. Она што е многу важно за нас е поврзувањето со Европа и со светот, рече градоначалникот Бакрачески, додавајќи дека ваквата соработка ќе биде поттик за сите туристички работници во регионот.

Претставникот на ТАВ Серхан Карахатај подвлече дека “силно верува дека летовите од Брисел ќе бидат следени со нови летови од други земји каде што Томас Кук оперира, како што се Холандија, Германија, скандинавските земји и Велика Британија“.

Портпаролот на “Томас Кук“, Коен Ван Ден Бош истакна дека “Богатата историја, заедно со Охридското езеро како и националното богатство се вистинскиот белег на оваа дестинација, која многу убаво се вклопува во нашето портфолио“.

Белгискиот тур оператор до септември годинава ќе реализира еден лет седмично, секој понеделник со време на пристигнување во Охрид во 8:20 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 60
Share
Previous Post

Делегација на Општина Охрид денеска во Поградец по повод почетокот на главната туристичка сезона

Next Post

Утре ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро

Next Post

Утре ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 60

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk