Во овие веќе зимски денови кога денот е се’ покус а ноќта се“ подолга и кога сето тоа ќе се смени за неколку дена кога ќе започне и официјално зимата, не може а да не се потсетиме на една композиција од далечната 1963 година.Нејзиниот наслов е „ Снегот паѓа“ за која и музиката и текстот се дело набелгиско- италијански кантавтор Салваторе Адамо испеана на француски јазик.
Снегот паѓа
Ти нема вечерва да дојдеш
Снегот паѓа
А моето срце е облечено во црно…се почетните зборови од оваа носталгична песна испеана за снежните ноќи.
Песната доживеа и голем број на вокални и инструментални изведби.Така во
1969 година, Даниел Видал ја сними на нејзиниот албум „Љубовта е сина“
Пол Мориа направи инструментална верзија во 1971 година на албумот, исто така, насловен како „ Снегот паѓа“
Во 2008 година, Адамо ја сними во дует со Лоран Вулзи .
Во 1965 година, тогашната југословенска пејачка Аница Зубовиќ ја снимила оваа композиција, со стихови прилагодени на српскохрватски од Илди Ивањи и во аранжман на Александар Саша Субота.
Во 1965 година, турската пејачка Ајда Пекан ја имаше својата прва снимка “Насекаде има снег”, како препев на “Снегот паѓа” на Салваторе Адамо создаден од Фекри Ебиоглу.
Во Германија, Александра имаше хит со германската верзија “Grau zieht der Nebel”
Во 1968 година Емил Горовец го сними овој хит на Адамо на руски јазик како “Падает снег” на неговиот албум Вдали.
Во 1974 година, овој хит на Адамо доби и кинеско мандаринска верзија под наслов „Кој ќе мисли на мене“ во изведба на пејачката од Хонг Конг, Паула Цуи и сингапурската пејачка Нам Хонг. Во 1977 година, една друга пејачка од Хонг Конг ,Амина сними верзија на јапонски и кинески мандарински дијалект.Исто така, пејачката од Хонг Конг, Лиза Ванг сними кантонска верзија, насловена како Чекори низ снежната земја” во истата 1977 година. Во 1979 година, пејачката од Хонг Конг, Мај Ченг сними уште една кантонска верзија со наслов „ Држи се денес“.
Во 2010 година, Адамо го снимил својот голем хит во дует со Марио Баревечија на италијански јазик врз основа на италијанската изведба на Адамо “Cade la neve”.
Потсетување на оригиналната верзија во изведба на кантавторот Адамо
Подготвил: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк