• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Томислав Османли: Паричка за децата

јануари 9, 2020
in Во потрага по трајната убавина
Томислав Османли: Паричка за децата

 Во овие празнични денови пред , за и по Божик за сладокусците на кусите раскази Публицитет.мк со дозвола од авторот ќе сподели – објави ЧЕТИРИ БОЖИКНИ МИНИЈАТУРИ од познатиот македонски писател, драматург, новинар и публицист Томислав Османли. Веруваме и знаеме една по една минијатурите ќе ви ја допрат душата и ќе Ве натераат на размисла за животот. Ова е последниот расказ од циклусот Божикни минијатури. 

Паричка за децата

Дојде, онака подведната, по празничнатa литургија од црква, со бадниково гранче во рацете. Ги избриша нозете на куќниот праг и едвај се исправи, закитувајќи ја влезната врата со дабовите листови. ,,Нека е за среќа”, си помисли, притоа, а веднаш потоа мислата ѝ отиде на купот домашни работи што ја очекуваа. ,,Да стигнам поскоро”, си рече пак во себе, според навиката што сѐ почесто ја применуваше, понекогаш говорејќи сама со себе. ,,Треба да побрзам” се потсети немо, а потоа про-должувајќи го разговорот со себе гласно додаде: ,,Децата ќе дојдат на пита со паричка”. Секоја година во својата пита ста¬ваше нова паричка, зашто она од децата што ќе ја најдеше, ја носеше со себе како своја среќа. Отиде во спалната, го отвори шифоњерот и под уредно наредените, испеглани чаршафи, штирканите бели везови останати уште од чеизот и последната опрема што подготвена ја чуваше на истото место, ја извади и ја отвори црвената велурна кутија од чоколадни бомбони во која беа останати уште неколку сребрени парички, и зеде една.
„Уште една помалку”, си помисли и зеде една од нив, враќајќи ги потоа работите на место. ,,Нека е со среќа”, рече не знаејќи дали зборовите ги изговори на глас и отиде во кујната.
Питата излезе малку сува и подгорена на краевите. ,,Ама, децата ќе ја сакаат, си помисли, и не фаќаат кусури”. Внимателно ја исече на убави парчиња внимавајќи со ножот да не ја погоди сребрената паричка скриена во бадниковата пита. И седна, чекајќи ги децата. ,,Чудно, рече гласно, што уште ги нема. Секоја година доаѓаат порано.”
Од дремката во која потона ја тргна мешаница од шумови: чукање на вратата, разџагорени детски гласови и долги ѕвонења на влезното ѕвонче. Таа брзо отиде до тр¬пезата, ја зеде питата и онака поднаведната забрза до вратата кадешто децата нестрпливо вревеа, чукаа и ѕвонеа. Само што ја отвори вратата и онака насмевната се појави пред децата, тие ја започнаа коледарската песна.
Таа ги слушаше, а во градите ја облеваше тишина. Додека пееја, се сети на своите детски коледарски посети, на првиот Бадник поминат со нејзиниот маж, некогашен железнички службеник, веќе дваесет години покоен, на првите невешти коледареки песни на своите две деца, ќерката, сега мажена во друг град, и синот одамна заминат во странство, на своите другарки од детството, на своите пријатели, на целиот свој живот минат брзо, како да се случил во само еден, предбожиќен ден.
Кога децата ја завршија песната, таа им ја даде теп-сијата со питата. ,,Ајде, деца, им рече, да видиме чија ќе биде среќата годинава”. Децата зедоа по парче и едното од нив ја најде сребрената паричка.
,,Моја е, моја е”, почна да вика, стрчувајќи се по ска-лите, заборавајќи да ѝ се заблагодари на старицата и пов¬ле¬кувајќи ги по себе исто така развиканите коле¬да-ри. Таа долго гледаше по нив.
,,Нека е со среќа”, се слушна како шепоти. Погледот ѝ падна на бадниковите гранчиња на вратата.
,,Треба да се изгорат гранчињата” си рече, помислувајќи на адетот и на обврските што редовно си ги даваше, но кои понекогаш сосем ги забораваше.
Потоа воздивна и влезе дома, слушајќи се себеси: ,,Ако ги дотрошам сребрените парички, ќе почнам да ставам обични. Само нека е со среќа.”

Фотографија на Tomislav Osmanli.

Автор: Томислав Османли

Публицитет.мк 

 

 
Посетеност: 82
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Антигона Дамоска

Next Post

Кај „Комерцијална банка“ во Охрид, нов кружен тек

Next Post
Кај „Комерцијална банка“ во Охрид, нов кружен тек

Кај „Комерцијална банка“ во Охрид, нов кружен тек

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 82

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk