Барем во лето оние кои се родени во Охрид а заминале од мали во „белиот“ свет му се враќаат на кусо.
Еден од нив е познатиот ди-џеј Антонио Мандуљ кого музиката го одвела уште од 18 години во Белград,а потоа во Прага.
-Цел живот сум ди-џеј. Во Белград го усовршував занаетот работев во Студио Б и во Б92 , а цели 15 години сум во Прага и настапувам по светски познати и ексклузивни дискотеки. Мојот живот е долга приказна, која ќе одземе мнoгу простор и време, вели во шега Антонио.
-Во Прага ја претставувам македонската и музиката од целиот Балкан, како на пример она што успешно го работи Владимир Четкар.
Џезот, интимно си го слушам дома а „свирам“ модерна електронска музика. Мојата порака до оние кои се забавуваат во моја режија секогаш е : Слушајте музика и не гледајте вести!
На Мандуљ како што го викаат пријателите и најблиските доволна му е една миксета и два ЦД плеери и забавата да почне. Ништо чудно може некоја вечер да не изненади со настап во „Аквариус“ .
Со клик на линкот подолу слушнете го разговорот со Антонио Мандуљ.
M.J. / Публицитет.мк