Со парада под маски на групите од Горно и Долно маало денеска во 14 часот ќе започне Вевчанскиот карневал со кој традиционално се пречекува Старата Нова година – Василица.
Вевчанскиот карневал е меѓу најпознатите на Балканот кој се негува повеќе од 1400 години. Во деновите кога се слави доаѓањето на Старата нова година, Вевчани се претвора во голема отворена сцена, а настанот секоја година го посетуваат голем број гости од Македонија и од странство.
Карневалот и посебно дефилето на маски, на кое учесниците често многу креативно и со хумор и сатира се „соочуваат“ со општествените, државните и глобалните текови и проблеми важи за синоним на слободниот дух и гордоста на Вевчанци.
Годинава Вевчанскиот карневал опфаќа повеќе настани, синоќа настапија Слаткаристика и белградската група С.А.Р.С.
Вечерва – среда на Василица гостите во Вевчани ќе ги забавуваат Наум Петревски и Есма Реџепова, а манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските утре на 14 јануари.
Фото: ДВ – М. Јованоски , 2015 година
DW – Публицитет.мк