Трајче Јанчевски (Куманово, 29 јануари 1928 – Скопје, 4 февруари 2015) — еден од најистакнатите македонски сликари.
Трајче Јанчевски е роден во Куманово, во скромно семејство како трето дете. Неговиот татко Коста имал сопствена пекарница (во приземјето на семејната куќа) во која правел вкусни и убаво декорирани пецива, сомуни и леб, а мајка му Павлина била домаќинка. Топлината од пекарницата како да се пренесувала на некој магичен начин и на жителите во куќата. Во нивниот дом владееле љубовта, хуморот и семејната хармонија (која подоцна Јанчевски ја пренесува и во својот дом и на своето семејство, а сето тоа ќе се проткајува во неговото творештво си до денес). Ваквиот хармоничен живот придонесувал и ја поттикнувал креативноста на сите членови од семејството секој на свој начин, која родителите сесрдно ја поддржувале.
Од најраното детство малиот Трајче го развива чувството за моделирање. Тие почетоци ќе се случат во пекарницата, каде што заедно со својот брат и сестрите ќе го учи татковиот занает. Со своите мали рачиња ќе го меси и обликува мекото тесто. Развојот на креативноста го продолжил цртајќи со ќумурчињата од печката на вреќите од брашно, што подоцна преминало во цртање на посериозни цртежи и портрети. Неговите родители и посетителите на пекарницата биле воодушевени од неговата дарба и го поттикнувале да продолжи со цртањето, а ова дејствувало и многу мотивирачки на него.
Средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1949 година кај професорите и сликари Никола Мартиноски и Лазар Личеноски, а Академија за применета уметност во 1954 година во Белград, каде поради забележаниот исклучителен талент му било дозволено паралелно да заврши и сценографија.
Од 1955 до 1957 година работел како професор по ликовно образование во Куманово, а во периодот од 1964-1965 година бил на специјализација во Париз. Трајче Јанчевски работеше како сценограф во Драмскиот театар во Скопје, од 1957 до 1988 година, а извесен период беше и вонреден професор на Педагошката академија.
Учествуваше на бројни национални и интернационални изложби, почнувајќи од Петтата интернационална изложба на современа уметност во Њу Делхи (заедно со Пикасо, Шагал, Миро, Руо и др.), Интернационална изложба на современа уметност во Париз и др.
За своите врвни уметнички ликовни остварувања доби национални и интернационални награди: наградите „11 Ноември“ на град Куманово, „11 Октомври“ за животно дело на Република Македонија и награда на Друштвото на ликовни уметности „Нерешки мајстори“.
Трајче Јанчевски во 1964 година ја доби и наградата на фондацијата „Моша Пијаде“, во 1992 година издавачката куќа „Монд“ од Париз го претстави во едицијата „Мајстори и уметници од светот на 20 век“ и отпечати поштенски марки со две негови дела. Една година подоцна, истата издавачка куќа го претстави и во „Златната книга на колекционери и љубители на уметноста“ со делото „Птичји ритуал“. Во 1994/5 година беше застапен е во едицијата „Кој е кој“ во меѓународната уметност во Лозана-Швајцарија, а во 1996/97 година од истата едиција беше избран меѓу најзначајните светски уметници. Неговото дело „Во закрила“ е печатено во специјални изданија со поштенски марки. Добитник е и на престижниот „Златен медал“ за француска заслуга и посветеност во име на уметноста и културата од Академијата за ликовна уметност и култура за централна Европа во Париз. Истата година е прогласен за член на „Академијата за ликовна уметност и култура за Централна Европа“.
ИЗЛОЖБИ:
1949-1956 – Изложби во Куманово
1952 – Самостојна изложба, Градско читалиште, Куманово – Изложба во рудникот “Лојане” – Кумановско
1957 – Самостојна изложба, Градско читалиште, Куманово
1963 – Самостојна изложба, Центар за култура и информации, Скопје
1964-2008 – Учество на изложбите на ДЛУМ
1965 – “Средба на солидарноста”, салон на Собранието на Република Македонија, Скопје
1965/66 – Меѓународна изложба во Индија (Њу Делхи, Бомбај, Калкута, Јајипар, Чандигар)
1967 – Изложба на ДЛУК, Куманово
1968 – Самостојна изложба, Центар за култура и информации, Скопје – Самостојна изложба, Уметничка галерија, Куманово – “Кумановски уметници”, Сомбор
1969 – “Современа македонска уметност”, Ферара, Италија – “Современа македонска уметност”, Истанбул, Турција – “Моето сакано дело”, Дом на ЈНА, Скопје – Цртежи, гвашеви и акварели, Скопје
1970 – “Сојузна изложба -ВИИИ конгрес на Сојузот на ликовните уметници на Југославија”, Загреб – Изложба на Меѓународната колонија, Струмица
1971 – Самостојна изложба, Уметничка галерија, Скопје
1972 – ” Mедитеранско биенале”, Александрија – “Современа македонска уметност”, Јаши и Пијатра Њаме, Романија – “Југословенски современи сликари”, Женева – Самостојна изложба, Уметничка галерија, Куманово – Самостојна изложба, Работнички универзитет, Струмица
1973 – “Седум современи македонски сликари”, Врњачка Бања – “Дела од колекцијата на Уметничката галерија од Куманово”, Скопје – 10 Години Струмичка ликовна колонија
1974 – “Јубилеј 30 години ДЛУМ”, Скопје – “Жената – инспирација на уметникот”, Дом на ЈНА, Скопје
1975 – Самостојна изложба, галерија при Домот на ЈНА, Скопје
1976 – “Денови на македонската култура”, галерија Форум, Загреб
1977 – Изложба на меѓународната колонија, Струмица – ликовни средби – Суботица, Суботица – Истарска Саборница / Интернационално бианале, Пореч
1978 – “Современа уметност на народите и народностите на СФРЈ” (македонска селекција), Бања Лука – “Современа македонска уметност” (од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје), Скопје – “Современа македонска ликовна уметност”, Дом на култура, Тетово
1979 – Кумановски сликари, Панчево – “Ликовна есен” – Момент на југословенското сликарство, Сомбор
1982 – “Современа македонска уметност”, Скопје
1983 – “20 Години Струмичка меѓународна колонија”,
1963-1983 Скопје – ДЛУК – Вараждин 1984 – Аквизиции ИВ, Скопје – Самостојна изложба, ретроспектива на 30 години творештво, Уметничка галерија, Скопје – Самостојна изложба, Уметничка галерија, Куманово – “40 Години македонско ликовно творештво”, 1944
1984 Скопје – “Галерија на неврзаните”, Титоград
1986 – “Меѓународна изложба” (селекција 1986), Центар за современа меѓународна уметност, Париз – “ Меѓународна ликовна колонија”, Штип
1987 – Меѓународна ликовна колонија Струмица 86, Крушевац – “Тито, Македонија, Југославија, светот”, Музеј на Македонија, Скопје
1988 – “Надреализмот и неговите видови во современото македонско сликарство”, Музеј на Македонија – “Надреализмот и неговите видови во современото македонско сликарство” – Дом на култура, Тетово – Меѓународна ликовна струмичка колонија
1989 – Традиционална изложба на Друштвото на уметници на Охрид (гостин), Охрид – Струмичка ликовна колонија, Струмица 89 – Самостојна изложба, Дом на култура “Јосип Броз Тито” и Народниот музеј од Куманово, Куманово
1990 – “Избор од ликовниот фонд на Македонската академија на науките и уметностите”, Скопје – Изложба мал формат – галерија ГЛАМ, Скопје
1991 -Меѓународна ликовна колонија Струмица 90, Скопје – Самостојна изложба, Културно-информативен центар, Скопје – Самостојна изложба, “Уметност – мир – љубов” (акварели), КИЦ, Скопје
1992 – “Кумановски уметници 25 Години постоење на уметничката галерија” – Куманово
1993 – Самостојна изложба, Клуб на делегатите, Скопје
1994 – “Македонски современи сликари”, Данска
1996 – Изложба, промоција на монографија и на поштенски марки објавени во Њхо ис Њхо од Лозана, Швајцарија, во Клубот на пратениците – Скопје – “Зимски салон” – Скопје – “Сите Дезар” – Париз
1997 – “Салон на независни” (Гранд Пале), Париз – ” Зимски салон”, Скопје – Самостојна изложба по повод 10-годишнината на НИП Ѓурѓа, Книжевно-ликовен салон, 70 години од раѓање и 50 години творештво, Скопје
1998 – Академија за ликовна уметност на Централна Европа, Париз, Салон 98 – “Арт Егзодус”, Скопје – Сликарство “Мал формат” – ДЛУМ, Скопје – Самостојна изложба, “Интернационален симпозиум на кардиолози”, Охрид
1999 – “46. Годишна изложба” на ДЛУМ, Скопје – “Портрет – Автопортрет” – Самостојна изложба – МАНУ
2003 – Изложба во Француски културен центар
2007 – Кумановски ликовни уметници
2008 – Ликовна изложба (донаторска) на Лионс Клуб, Охрид, Хотел “Дончо”, Охрид – Современа македонска ликовна уметност од фондот на меѓународната Струмичка ликовна колонија, Чифте амам, Скопје – 107 Македонски уметници во Париз – Цитй интернатионале дес артс, Парис – “60 Години Национална галерија на Македонија”, Даут-пашин амам, Скопје – Изложба на дел од уметничката колекција на Стопанска банка, Национална галерија на Македонија – Даут-пашин амам, Скопје
2009 – Ретроспективна изложба 60 години творештво- Национална галерија Даут Пашин Амам, Скопје
2011 – Изложба на акварели-Галерија “ОКО”
Публицитет.мк