• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Трајче Талевски, доктор на биолошки науки гостин во МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ

ноември 5, 2015
in Тикер

Утревечер по 23 часот на „Публицитет.мк “ побарајте го новото издание на аудио форматот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ . 

Овој пат трагаме по приказните од животот на  д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Отворено за неговоиот ангажман во областа на екологијата, дали се чувствува како Дон Кихот со ветерниците? Има ли надеж за спас на нашето Езеро? За потребата Охрид да има Музеј на Езерото за одблиску луѓето да се запознаат со ендемичното богатство на растителниот и животински свет во него. 

Следуваат звучни слики за детството минато крај реката Црна која како што вели д-р Талевски му била како судбинска предодредба да се занимава со биологијата која вели дека е динамична професија, за разлика од нас обичните кои мислиме дека тоа една сосема спокојна наука и дека занимавањето со неа е лесно.

Д-р Талевски ги открива моментите од честото селење како син на воено лице во Косовска Митровица во која живеел неколку години а сега има желба да ја посети во Битола менувајќи две локации. Со посебна жар ни зборуваше за средношколските денови , битолското корзо, киното, неизбежните тепачки , не негови ама на битолските мангупи, како во Битола никој не е без прекар, ривалитетот меѓу двете Гимназии… 

И да не откриваме се по ред. Потсетуваме – утревечер по 23 часот – следи „Мојот живот, мојот свет “ со д-р Трајче Талевски. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 99
Share
Previous Post

Сиднеј домаќин на „Македонски филмски фестивал“

Next Post

Закажано, па одложено објавувањето на Извештајот

Next Post

Закажано, па одложено објавувањето на Извештајот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk