Вчера во Скопје се одржа 50-то Државно првенство во карате во борби.
Карате клубот “Самурај” учествуваше со тројца натпреварувачи кои ги постигнаа следните резултати: Мурат Умер , вицешампион на Македонија, (категорија младинци/ сениори), Нина Ангелоска 3- место ( категорија помлади кадети) и Харун Османоски кој дебитираше на ова првенство го освои третото место ( категорија постари пионери).
На ова првенство го исполнивме нашите очекувања , за разлика од државното првенство во ката каде со 5 натпреварувачи освоивме само еден медал.
Секако ова беше добро искуство за идната година да очекуваме повеќе од нашите натпреварувачи.Во иднина не очекува уште еден турнир, после кој и оваа летна сезона следи “2-та Бесплатна летна Карате школа”.
Публицитет.мк