Трите примероци од најновиот роман на писателката Лилјана Пандева „Доилката “ одат кај : Весна Југова – Гинов од Велес, Љупка Стојменова од Кочани и Лидија Шикова од Охрид. Адресите ќе им бидат предадени на одговорните во ПНВ Публикации и тие ќе ги испратат примероците од романот до среќните добитнички преку пошта.
Весна, Љупка и Лидија најбрзо и точно одговорија на нашето наградно прашање а испратија и по една мисла сврзана со книгата.
Имаше и други одговори, но некои од нив не беа за жал комплетни и точни.
Еве ги и мислите кои ги одбраа добитничките на наградата – роман од м-р Пандева.
„Книгата е букви од солзи, зборови од емоции и реченици од доживувања!“ Љупка Стојменова
,,Да се живее во светот без да се биде свесен за значењето на светот е исто како да се талка низ огромна библиотека без да се допрат книгите” – од Тајните учења на сите времиња.
„ Не може да отвориш книга а при тоа да не научиш нешто.“ Конфучиј
Вечерва ќе ја објавиме втората наградна игра на Публицитет.мк во соработка со ПНВ Публикации од Скопје . Ќе доделиме уште три книги но овој пат од друг автор.
Публицитет.мк