Покрај сите напори на лекарите и интензивната терапија, за жал, денеска почина уште една жена на Клиниката за инфективни болести. Беше на 66-годишна возраст и примаше хронична терапија за хипертензија, информира Филипче. Со ова, во Македонија се регистрирани три смртни случаи предизвикани од корона вирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес-конференција.
Со ова, во Македонија, корона вирусот одзеде три животи.
-Во изминатото деноноќие имаме заклучно со 12 часот нови 29 случаи на заразени во нашата земја и по градови: Скопје 20, Куманово 3, Прилеп 2, Дебар 1 лице и Велес 3. Вкупно се 177 лица. Според местото на живеење заразени има Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Охрид, Гостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес, кажа Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави и дека петмина од клиниката за кожни болести каде директорката беше заразена со корона вирус, се позитивни на овој вирус.
Публицитет.мк