По повод 79 години од Второто Заседание на АВНОЈ (29.11.1943 г. кое се одржа во малото живописно гратче Јајце) и Јубилејни – 80 години од одржувањето на Првото Заседание на АВНОЈ (26-27 ноември 1942 година во Бихаќ), ОО на СБ Охрид и Дебрца одржа трибина на која пред присутните за значењето на овој ден зборуваше проф.по историја Наце Иваноски.
Со одлуките донесени на Второто Заседание на АВНОЈ, се означи целосно признавање на македонската државност и нација, со што ќе започнат и подготовките за свикување на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

Со ваквата одлука, нашата земја за прв пат стана рамноправна држава со другите републики во ФНРЈ.
За нас, членовите на Сојузот на борци, антифашистичката борба во Втората светска војна како една од најстрашните видени дотогаш, овој датум останува симбол и белег на формирање на државата во духот на антифашизмот и слободата.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ 29ти НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
Публицитет.мк