На иницијатива на здружението на граѓани „Брег на младоста” од Охрид, пратениците Рубин Земон, Зеќир Рамчиловиќ и Панче Иванов (во својство на официјални предлагачи на закон) во соработка со Парламентарниот институт организираа тркалезна маса на која присуствуваа претставници на повеќе волонтерски организации од целата држава.
Средбата се одржа денеска во Едукативниот центар на Парламентарниот институт во Скопје.
Целта на иницијативата и тема на дебатата беше разгледувањето на можностите за формално-правна регулација на акцијаштвото како значајна волонтерска активност.
Меѓу иницијаторите за оваа средба и враќањето на акцијаштвото на цврсти темели во Македонија се волонтерите од Акцијашкиоот клуб „Брег на младоста од Охрид“.
Публицитет.мк