Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија и цврсти горива за загревање на домовите. Ние ставаме крај на тоа. Планираме гасификација на Охрид со која придонесуваме за почиста животна средина, подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани, намалување на трошоците за енергенси, рече пратеникот од СДСМ и коалицијата, Томислав Тунтев.
Гасификацијата значително го подобрува стандардот на граѓаните, ја зголемува конкурентноста на домашните компании и позитивно влијае врз атрактивноста на Македонија како инвестициска дестинација.
Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид. Гасификацијата на Охрид значи и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух кој секојдневно го дишеме.
Имаме достапен и отворен партнер во Владата на Република Македонија за реализација на овој важен инфраструктурен проект. Добиваме поддршка во мобилизирање на професионалниот и стручен кадар во земјава кој ја планира енергетската стабилност на државата.
Од град кој традиционално се затоплува со огревно дрво, Охрид прераснува во град кој поефикасно, поекономично и еколошки почисто ги користи ресурсите. Дрвото го чуваме за чист воздух, се грееме на гас. Градиме по план, инфраструктура за сите, рече на прес конференцијата пратеникот од СДСМ и коалицијата, Томислав Тунтев.
Публицитет.мк