Бројот на туристи кои ја посетиле Македонија во октомври 2015 година изнесува 61 655 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најпосетувана дестинација е Скопје, кое го посетиле 21.477 туристи.
Во октомври годинава, во однос на октомври лани, бројот на домашни туристи е намален за 5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто.
Сепак, во споредба со лани во периодот од јануари до октомври се бележи зголемување на бројот на туристи за 10,1 отсто.
Кај домашните туристи има зголемување за 4,7 осто, а кај странските има зголемување за 14 отсто.
Зголемување е забележано и во бројот на ноќевањата, кој е повисок за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 5,6 отсто, а кај странските има зголемување за 12,5 отсто.
Податоците покажуваа дека туристите од Турција, Грција и Србија биле најбројни во октомври годинава што ја посетиле Македонија.
Извор: faktor.mk