Ученици и наставници од средното техничко училиште “Мерсинли“ од Измир, Р.Турција во периодот од 16 до 20 септември беа во посета на ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“. Двете училишта во 2013 година потпишаа спогодба за пријателство, соработка и споделување на културни вредности.
Учениците и наставниците од овие училишта имаа заеднички часови и работилници во кои разменуваа знаења, вештини и искуства, а во попладневните часови домаќините им ги покажаа убавините на Охрид и регионот преку заедничките прошетки во стариот дел на градот, манастирот Св.Наум и посета на Битола и спомен собата на Кемал Ататурк.
„Оваа соработка е една убава можност за нашите ученици и наставници да стекнат нови знаења и искуства, но и нови пријателства, да запознаат нови места, различни култури и традиции. Ваквите проекти се една убава можност да ги мотивираме учениците да постигнуваат подобри резултати, бидејќи во овие проекти предност им даваме на нашите ученици со подобар успех и примерно поведение“ истакна директорот Јане Цаноски.
Публицитет.мк