Под мотото „Училиштето за нас – ние за училиштето“ утре во организација на Kate’s Aerobic Ohrid, а во соработка со стручните активи од второ и трето одделение од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи спортско-рекреативен настан.
Гостинка на настанот е долгогодишната инструкторка по Зумба, Марина која е родена во Охрид, а живее и работи во Америка. Учеството е бесплатно, но со можност за доброволен прилог. Собраните средства ќе се искористат за подарок во вид на спортски реквизити кои ќе овозможат покреативни часови по физичко и здравствено образование во одделенска настава.
Настанот ќе се одржи на плажата помеѓу Куба Либре и Кадмо (промена на локација е можна при неповолни временски услови) Почеток: 18.45 часот.
Познато е, кога спортско-рекреативните активности ги поврзуваат луѓето, придобивките од среќата, здравото тело и здравиот дух, се уште поголеми споделувајќи ги со сите околу нас, а најмногу со идните генерации. Ве очекуваме, велат организаторите.
Публицитет.мк