• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Уметникот Сашо Блажес си отвори пат за ново уметничко дружење со Берлин

ноември 19, 2017
in Во светот на уметноста

Охридскиот уметник Сашо Блажес деновиве се врати од Берлин по успешното претставување на неговите уметнички дела во галеријата „Прима Центар“.  

Од  27 октомври  до 11 ноември во галеријата на познатиот Јован Балов  беше отворена изложбата „Страст за носталгија“. Доволен повод за блиц прашања на кои во стилот на уметниците кои најмногу сакаат да комуницираат со боите, платната и четките отколку да прераскажуваат и Блажес ни  одговори,   дека делата се одговор на нашите прашања. Но сликата за настанот ќе ја збогатат фотографиите од  неговите денови минати во Берлин.

23380386 10155158057963435 1431215467880008309 n

 

22789174 10156534564738265 7443582198198685487 n

Ваша оценка за претставувањето во Берлин. Успеа ли Балов да ја покрене стручната критика и обичните гледачи да ги заинтересираат да видат дела на уметник од Македонија?

Оваа изложба е мое прво претставување пред Берлинската ликовна сцена. Се претставив со еден дел од делата од претпоследниот циклус „Страст за носталгија“ и едно дело од следниот проект на кој моментално работам. Благодарение на организаторот на изложбата Јован Балов имав можност на отворањето а и деновите потоа да се запознаам со дел од критичката ликовна фела, критичари , уметници но и љубители на ликовната уметност со акцент на сликарството денес, заинтересирани за мојата уметност и она што го работам. Чувствувам особено задоволство што најголемиот дел од публиката нескриено беа воодушевени од тоа што го работам  и со сигурност ќе имам и други претставувања во Берлин во иднина. Покрај тоа сакам да истакнам дека истата вечер на уметничката вибрантна сцена во Берлин имаше 25 отворања на самостојни изложби .

22814386 10155112668508435 8141191926421109654 n

Ќе го видат ли други низ Европа она што беше прикажано во Берлин?

-Да има некои предлози меѓутоа кога ќе дојде време за тоа .

22780595 10155119208978435 6731629409145591343 n copy

А нови музи и инспирација?

– Моментално веќе работам на нешто ново една нова тема а тука Берлин ми даде само малку повеќе “напојување”.

 

23376299 10155158079343435 6264446918929436675 n

 

 

23471945 10155158077468435 7731389506437150551 n

23244347 10155151584813435 8067465281301403256 n

Публицитет.мк

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Жирито на „слатки маки“ – сепак ги одбра највкусните и најубавите торти на 21 -та „Тортијада“

Next Post

Хан во дводневна посета на Македонија

Next Post

Хан во дводневна посета на Македонија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk