Работната сесија во рамките на Проектот на УНЕСКО и ЕУ за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион што траеше од 7-10 декември резултираше со објавување на Базичната студија и проценка за состојбата и вредностита на албанската страна на регионот на Охридското езеро , со идентификување на специфичните потреби на регионот, предлог границите за опфат на заштитеното подрачје како и со изработка на сценарија за можната состојба на регионот после 20 години во зависност од тоа дали ќе се превземат мерки за управување или ќе се набљудуваат состојбите кави што се.
Во рамките на сесијата се изготви и предлог Визија за вредностите на охридскиот регион која уште еднаш ги потенцира вредностите од природен и културен аспект , потребата за нивна заштита и промоција зад кои цврсто застанува УНЕСКО. Во завршните зборови преставникот од македонска страна Дејан Пановски потенцираше дека како позитивни дејства се воспоставувањето прекугранични тела, контактот со Унеско прку Националните комисии и донесените закони и менаџмент планови кои се добра основа и бедеми за заштита на езерскиот регион.
Тој ги потенцираше и големи предизвици и забелешки околу несоодветната урбанизација, деградацијата на крајбрежието по целата линија на двете страни, (не)грижата за рибниот фонд и односот кон цвстиот отпад за што решението мора да се бара преку зајакнување на институционални механизми и секако зајакнување на инспекцискиот систем.
Од страна на учесниците беше нотирана важноста за инволвираноста на локалните самоуправи ви сите процеси на заштита и промоција на регионот, како и квалитетна обука на кадри за имплементација на тој процес па дури и до предлог за воведување на студии за управување со наследството. Визијата за Охридскиот регион како уникатна природна и културна вредност недвосмислено мора да опстои и да се надградува.
Публицитет.мк