Нашето гостување на годинашниот УНЕСКО камп под наслов: „Пат околу светот“, организиран и успешно реализиран од страна на нашите домаќини од Кикинда траеше од 21 до 25 ноември во Гимназијата ,,Душан Васиљев“ од Кикинда.
Учествуваа ученици и наставници од Врбас, Нови Сад, Углјевик, Темишвар, Охрид и Кикинда. Здружени во тимови, децата од Србија, Македонија, Романија и Босна, ги изразуваа своите идеи во Градскиот народен музај, го следеа 3 Д филмот за мамутот Кика од Кикинда, стар 500 000 години.
Во работилници, ученици од 15 образовни установи во Кикинда не запознаваа со различни држави од Европа, презентирајќи ги богатставата и специфичностите на секаја земја, под наслов: ,,Пат околу светот“. Заедно истражувавме и броевме, колку бувови дошле оваа година во крошните на градскиот парк, во Кикинда да презимат.
Охридскиот тим составен од наставничките Дивна Стрезовска и Виолета Илиевска, и деветтоодделенците: Наталија Точкова, Симеон Ѓурчески и Анастасија Петкоска, ја претставија нашата замја и нашиот град Охрид , со традиционална храна, и со изведба на најпознатата македонска и охридска песна ,,Билјана платно белеше“. Со интерес беше проследен и краткиот филм, кој го направија учениците, за нашето училиште „Св. Климент Охридски“ кое годинава ќе одбележи полни 120 годиниод постоењето.
Нашето гостување заврши со еднодневниот излет до Белград, го посетивме храмот Св.Сава а прошетавме и по преубавата Кнез Михајлова.
Ни останаа врските и контактите со директорката на гимназијата Мирјана Дражиќ, психологот Милјана Китановиќ, професорите Наташа Игаз, Јасна, Мирослав, Мира, Золтан, Вера и многу други кои ги исполнуваа нашите срца со огромно задоволство и среќа.
ОУ „Св. Климент Охридски“ со години е дел од УНЕСКО камповите и редовно учествува и со ученици и со наставници.
Виолета Илиевска, ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид
Публицитет.мк