Охрид, како најголем туристички центар и Република Македонија годинава ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).
Според официјалните показатели на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, расте интересот на странците за Македонија, за што доказ е и растот од 26,5 проценти на девизниот прилив од туризмот само во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани. Од јануари до јуни годинава веќе се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 отсто по бројот на туристи. Лани во земјава дошле речиси еден милион странски туристи, со 2,8 милиони ноќевања. Најпосетувани се охридскиот и скопскиот регион.
Успешната сезона не е случајност, Охрид и останатите убавини на Република Македонија беа промовирани во бројни медиуми во 12 земји. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија реализира медиумска кампања во Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Турција, Полска, Романија, Естонија, Шведска, Израел и Бугарија. Посакуваните резултати од медиумските активности се задржување и зголемување на бројот на туристи од овие туристички пазар.
По спроведените анализи и истражувања на пазарот, медиумските активности и промовирање на туристичките потенцијали на Македонија се реализираат преку следниве промотивни каналии, во кои Охрид како туристичка дестинација беше промовиран:
1. Естонија:
– http://www.eestimedia.ee – x 1 (baner) + 1 (PR tekst) за Охрид
– http://www.postimees.ee x 1 (baner) + 1 (PR tekst) за Охрид2. Хрватска:
– http://www.jutarnji.hr – x 1 (baner) + 1 (PR tekst) за Охрид
– http://www.24sata.hr – x 1 (baner) + 1 (PR tekst) за Охрид3. Израел:
– http://www.ynet.il – x 1 (baner) за Охрид4. Полска
– Магазин Подроже – реклама за Охрид на цела страна 1/1 ПР
– Wp.pl онлине бенер за Охрид на главната страна
– Tur info pl – видео за Охрид +банер за Охрид +целосен интегрален ПР текст за Охрид на веб страната на овој медиум.
– Wykop pl – ПР текст за Охрид и +банер за Охрид5. Шведска
– Reseguiden. Se- Охрид беше вклучен и во Пр текст за Македонија кој беше објавен на веб страната на овој медиум. Банер за Охрид на веб страната на Ресегуиден + Мобилен банер за Охрид. Фб и инстаграм промоција на Охрид.6. Романија
– Libertatea.ro – ПР текст за Охрид интегрален со видео и слики на веб страната + Фб промоција на истиот медиум со пр текст7. Косово и Албанија
– Gazetaexpress.com и telegrafi.com – банер за Охрид
– Media Marketingu (Bollbordi) Косово – Билборд за Охрид
– Albartex (Billbordi) Албанија – Билборд за Охрид8. Турција
– Gezimanya.com – ПР текст за Охрид9. Словенија
– TS media / http://www.siol.net – банери + Пр текст за Охрид
– http://www.slovenskenovice.si – банери + Пр текст за Охрид
– http://www.delo.si – банери + Пр текст за Охрид10. Бугарија
– Принт медиуми (дневни весници)
– Trud – реклами ½ страна за Охрид + онлајн промоција
– 24 Chasa – реклами ½ страна за Охрид + Пртекст и банери за онлајн промоцијаОнлајн медиуми
– http://www.dir.bg – банери Пр текст за Охрид
– http://www.blitz.bg – банери + Пр текст за Охрид11. СрбијаПринт медиуми
– City magazine- реклама за Охрид
– Туристички свет (магазин)- 1/1 страна реклама +ПР текст за ОхридБилборди
– Mediamax/ објавени билборди во Јужна Србија (магистрала Е-75) за ОхридОнлајн медиуми
– http://www.telegraf.rs – банери + Пр текст за Охрид
– http://www.kurir.rs – банери + видео+ Пр текст за Охрид
– http://www.blic.rs – банери + видео+ Пр текст за Охрид– Србија коју волим – Здружение за развој на туризмот и екологијата Туристичка репортажа за Охрид во емисијата „Srbija koju volim“.
Веќе од октомври ќе продолжат дополнителните активности за промоција на Охрид и останатите убавини и туристички потенцијали на Република Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk