• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Усвоена е физибилити студијата за изградба на марина на Мало пристаниште

септември 23, 2015
in Тикер

Изгласувањето на точката за прифаќање на физибилити студијата за јавно приватно партнерство за изградба и управување со “мала марина“ на локација мало пристаниште, на денешната седница на Советот на општина Охрид, предизвика најмногу дискусии меѓу советниците и претставниците на локалната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека ги разбира различните ставови во однос на оваа тема, но потсети дека локалната самоуправа се води од законски прецизни и научно издржани анализи во спроведувањето на процедурите за сите проекти кои ги отпочнува:

– За жал и денес како многу пати досега имавме доста произволни ставови на оваа тема, кои не кореспондираа со фактите изнесени во физибилити студијата. Иако претходно запазувајќи ги законските процедури имавме идеен проект, кој беше со воодушевување прифатен од граѓаните, но токму поради законските обврски, пристапивме кон избор на изработувач на физибилити студија, а на јавниот повик беше избрана реномираната консалтинг компанија “Таргет комуникации“. Ние како одговорна локална самоуправа уште пред три година зедовме обврска овој простор да го уредиме и да стане атракција на градскиот кеј. Најголемите забелешки беа упатени во делот за заштитата на животната средина, без притоа внимателно да се навлезе во она што го има во студијата на оваа тема, а тоа е најзначниот дел на кого ние како локална самоуправа посветивме најголемо внимание, запазуваќи ги сите законски аспекти и препораки за заштитата и унапредувањето на животната средина –истакна градоначалникот Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 79
Share
Previous Post

Охрид за развој на туризмот ќе црпи искуство од Швајцарија

Next Post

Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните кои го слават Курбан Бајрам

Next Post

Градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните кои го слават Курбан Бајрам

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 79

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk