Манастирот преку медиумите упати јавна покана до верниците да го посетат.
САБОТА, 10 септември
❈ 18:30 ч. – Свечена архиерејска Вечерна богослужба на која четворица членови од нашето свештено Братство ќе се причислат во ангелскиот монашки ред
✟
❈ НЕДЕЛА, 11 септември
❈ 7:30 ч. Утрена богослужба
❈ 8:45 ч. Пречек на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј
❈ 9:00 ч. Света архиерејска Златоустова Литургија, со која ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, Неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Повардарски, Неговото Високопреосвештенство, г. Агатангел.
❈ ❈ ❈
Ги повикуваме и особено ги поттикнуваме сите благочестиви Православни Христијани, да се присоединат кон големото торжество на чесниот и славен Претеча, во денот на неговиот празник, кога најголемиот меѓу родените од жена ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите оние кои го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува штом ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својот празник, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат!
Публицитет.мк