Утре, среда во чест на празникот посветен на Светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија“, во катедралниот храм „Света Софија“ ќе се служи света архиерејска литургија.
Литургијата ќе започне во 9 часот, а со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Празнично по традиција утре ќе биде и кај параклисот посветен на светите маченички Вера . Љуба, Нада и Софија во населбата Лагадин.
Прославата ќе започне во 14 часот и 30 минути и како што вели градителот на оваа црква познатиот охридски угостител Љупчо Патчев собраните средства пак ќе одат во хуманитарни цели.
Публицитет.мк