Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21 ноември 2015 година (сабота), во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети Архангел Михаил“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 22 ноември 2015 година (недела), во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
Публицитет.мк