Во екот на новогодишната и божиќната еуфорија, учениците од Гимназијата ,,Св.Климент Охридски” ќе ја надополнат оваа атмосфера со весели музички точки.
Се работи за концерт на кој девет години по ред учество земаат стотина ученици на гимназијата, а карактерот е хуманитарен од кој собраните сретства се употребуваат за оние ученици кои не можат да обезбедат доволно финансиски средства за матурската екскурзија. Тематиката од година во година се менува, а секоја нова е уште покреативна и подобра од претходната. Овогодинешното мото е под името,,Музичка (р)еволуција” која ќе претставува еден вистински времеплов низ музиката, почнувајќи од големите безвременски хитовите кои се родиле после Втората светска војна, па се до денешните.
Оваа манифестација не би била иста доколку зад неа сите овие години не стоеше професорот по латински јазик, професор Стефан Каневче. Со огромна желба, љубов и посветеност сите учесници го даваат најдоброто од себе за да се покажат во најдобро светло, а повеќе од два и пол месеци неуморно се трудат да го направат овој концерт незаборавен.
Имено, оваа година концертот ќе биде посветен на прерано починатиот Градоначалник д-р Јован Стојаноски. Со голема почит кон Таткото на градот, учесниците симболично, седиштето наменето за Градоначалникот ќе го остават празно, во негова чест. Настанот ќе се одржи во недела, 30.12.2018 во просториите на НУЦК ,,Григор Прличев” со почеток во 20 часот. Билетите се по цена од 100 денари, а може да се најдат во зградата на Гимназија или на самиот влез пред почетокот на концертот.
Публицитет.мк