Утре – четврток ќе се одржи втората групна изложба на учесниците на летната сликарска школа од Здружение ТАКТУС – Охрид.
Изложбата претставува финална фаза од нашиот проект, односно сликарската школа која траеше вкупно 8 недели (од 16 јуни – 2 август) и во која беше овозможено учество да земат деца од ранливи категории. Изложбата е планирано да се одржи на 26 август (четврток), од 17 – 20 часот и ќе биде отворена за секој оној кој сака да ја посети и да купи дело на малите уметници, чии средства ќе одат дирекно за нивните семејства.
Проектот е делумно поддржан од Општина Охрид, од уметничката организација Толне од Данска и група граѓани.
Публицитет.мк