Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај 2018 година (вторник), во метохот на манастирот Св.Наум Охридски – Св.Атанасиј Велики – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“.
Почеток на литургијата е закажан за во 8.45 часот, и со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк