По традиционалната празнична пауза на сајтот Публицитет.мк од утре сабота продолжува култниот серијал „Мојот живот, мојот свет“
Прв гостин во оваа 2018 година е градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.
И ова аудио интервју како и најголем дел од досега емитуваните е реализирано во кафе терасата „Аквариус“ во Охрид.
Ногачески во разговор со авторот и водителот на Милчо Јованоски зборува за своето родно Волино, за детството, другарите, пријателствата преокупациите, семејството, очекувањата, успесите, радостите и тагите.
Сабота, 20 јануари по 20 часот. Искрено и отворено со првиот човек на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Публицитет.мк