Гостин во утрешното издание на „Мојот живот, мојот свет“ ќе биде професор д-р Димитар Пандев од Филолошкиопт факултет „Блаже Конески“ од Скопје .
Д-р Пандев роден е во 1958 година во Охрид и цел негов живот, професионално му го посветува на македонскиот јазик и неговите врски со останатите словенски јазици.
Не случајно се одлучивме во време на чествувањето на големиот Прличев интервјуто со д-р Пандев, снимено во јуни 2012 година во рамките на проектот „Роднокрајни критичари“ за НУ Библиотека „Григор Прличев“ за првпат, по цели 4 години премиерно да го емитуваме на „Публицитет.мк’
Д-р Пандев се занимава со литературна критика и есеистика , со преведување на средновековни романи и раскази , сам и во соработка со други автори,а се јавува и како приредувач на книги и рецензент. Учесник е на многу научни собири, симпозиуми и научни дискусии во и надвор од Македонија.
Вреди да се чуе што мисли д-р Пандев за јазикот, за Македонија, за славистичката наука, за Охрид, пријателите и колегите творци.
Петок 5 февруари по 23 часот на Публицитет.мк