Во „Мојот живот, мојот свет“ утревечер ве очекува уште една несекојдневна сторија каква што само животот може да ја приреди.
Гостин на авторот и водител на серијалот Милчо Јованоски е 36 годишниот Петар Спасески од Охрид .
Наместо вовед Ви предлагаме да го проследите кусото интервју за него и неговиот професионален и приватен живот кое Јованоски пред неполн месец го објави на австралиското државно радио СБС на програмата на македонски. Тоае основата и за интервјуто утревечер правено „тет а тет во“ „Аквариус“.
Петар ќе ве плени со отвореноста, искреноста и емоциите со кои зборува за себе за животот, љубовта , семејството и идните предизвици…
Еве го кусиот кроки портрет и и подолу аудиото во целост емитувано на SBS :
Се почесто среќаваме Македонци кои веќе изградиле кариера некаде по светот и успешните приказни да сакаат да ги продолжат од и во Македонија.
Денска ви нудиме уште една инспиративна животна сторија која докажува дека на мнозина светот им е претесен кога се во прашање потрагата по среќата и бизнисот.
Милчо Јованоски го пронајде младиот Петар Спасески кој на 18 години од Охрид дошол во Волонгонг кај својот вујко да студира и да го открива светот.Тој се стекнал со диплома по „компјутерски науки“ и специјализирал на сигурносни дистрибутивни системи. Негoвиот пат до успехот Спасески го поврзува со остварениот сон – мигот кога станал дел од светската компанија Hatch која има 9000 работници во повеќе од 150 земји низ светот.
Петар, прв од десно – на крај лево Мајк Зафировски , на самит на платформата „Македонија 2025“
По 15 години поминати во Австралија и низа други земји Петар пред пет години по една чудна случка и носталгија се вратил во својот роден Охрид. Таму создал свој тим кој нижи успеси и буквално работи со светот.
Во интервјуто за СБС Петар – човекот кој буквално живеел во авион вели дека Охрид е вистинско место за релаксиран живот и создавање семејство, а Македонија со подигање на некои стандарди може да биде конкурентна во областа на информатиката за што најдобар пример е неговиот бизнис.
Публицитет.мк