Утревечер по 23 часот прв гостин во новата сезона од аудио интервјуата „Мојот живот, мојот свет“ на Публицитет.мк е поетот, писател и публицист Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија.
Трпоски веќе 48 години живее во Сиднеј а на секои четири години се враќа во своето родно Волино. Така се бори со носталгијата и не знае дали е поголема кога е тука и ги шета полињата, градовите,при средбите со роднините, другарите, колегите поети или пак таму среде Австралија, каде му е жената, ќерката, зетот и внуците.
Иван, сега е пензионер и библиотекар во друштвото „Григор Прличев“
Ова лето во Охрид Иван Трпоски од страна на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов беше одликуван со медал за заслуги за Македонија . Иван медалот го доби за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење со што дал значаен придонес за афирмација на Република Македонија во Австралија и за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу татковината и неговата втора татковина.
Доаѓањето во родниот крај Трпоски го искористи за промоција на неговиот најнов публицистички труд „Македонија – не те забораваме“ кој имаше две успешни промоции во Скопје и Охрид.
Со Иван разговорот во „Аквариус“ беше напати како песните на Васка, Бадев, Манчески, Томовска,а некогаш ведар и интересен, преполн со емоции, анегдоти за животот овде и таму преку океанот.
Утревечер освен едночасовното аудио интервју преку неколку фотографии ќе ви го доближиме – животот и светот на нашиот прв гостин за оваа сезона Иван Трпоски.
Се надеваме дека со изборот на соговорниците за овој циклус ќе ја оправдаме Вашата доверба.
Секој петок по 23 часот МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ
Уредник и водител: Милчо Јованоски
Публицитет.мк