Сите љубители на културните настани и хорското пеење утревечер од 19 часот ќе имаат можност да уживаат во настапот на мешаниот градски хор „Вокс Лихнидос“под диригентската палка на амбициозниот Бурим Хидри кој е и негов уметнички раководител.
Концертот ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот.
Диригентот Хидри во изјавата за Публицитет.мк вели:
-Со нетрпение го чекаме концертот . Се радуваме на секоја средба со публиката. Тој час дружба и размената на енергија ни ја полни душата и ни дава сила да продолжиме со ентузијазмот кој го негуваме. десетина композиции.
Утре публиката ќе слушне наши изведби на десеттина духовни, македонски традиционални композиции. Премиерно ќе ја изведиме композицијата „Боса роса“ од композиторот Гоце Гаврилоски кој е од Охрид. Пригодно, публиката ќе може да ужива и во новогодишни и популарни композиции.
Публицитет.мк