• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, мај 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Утре промоција на пловилото на соларен погон дело на ученици и професори од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид

јуни 20, 2022
in Тикер
Утре промоција на пловилото на соларен погон дело на ученици и професори од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид

Автомобилската индустрија полека но сигурно се префрла на хибридни или целосно електрични мотори. Со овој проект за изработка на пловило на соларен погон кој е финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој е во рамките на натпреварот „Предизвик за млади истражувачи 4“ докажуваме дека веќе се создадени услови и пловилата да имаат погон на електрични мотори.

Се надеваме дека се ближи денот кога нема да бидеме немилосрдни кон она што го создавала природата милиони години и ни го дала бесплатно на користење и уживање. Ние заедно со едриличарите би сакале да бидеме пионери во употребата на пловила и да уживаме во истите, без притоа да имаме емисија на CO2, испуштање на моторно масло и бензин во водата и да не додаваме децибели на бучавата која го вознемирува живиот свет во водата и уживателите на природата.

Brod 6   Brod 2

Тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ составен од менторите : проф. Ангелоски Сашо и проф. Виолета Никовска и учениците: Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илиоски, Даниел Котоски, Јован Матлиојоски и Христијан Груевски изработија пловило на соларен погон. Нашиот тим од професори и ученици со овој проект ја освоија првата награда на државниот натпревар „Предизвик за млади истражувачи 4“ со што добија парични средства од Фондот за иновации и технолошки развој и успешно го реализираа. Истражувањето и анализите во проектот се потврдија и се докажаа преку реализацијата на истиот односно, се конструира пловен објект кој целосно е на сончева енергија. Без емисија на штетни гасови, без користење на скапи фосилни горива, без создавање на бучава, неограничено и бесплатно, со целосна автономија, пловилото нуди уживање преку цел ден. Во недостиг на доволна сончева светлина, пловилото ја користи енергијата складирана во батериски ќелии.

Brod 5     Brod 7

Се надеваме дека овој проект ќе претставува импулс за развој и употреба на ваков тип на пловила на Охридското Езеро и на сите водени површини во државата. Покрај еколошкиот аспект од користењето на вакви пловила, значаен е и за туристичкиот сектор т.е. има можност да привлече туристи кои бегајќи од урбаните и бучни средини (обично и загадени), ќе уживаат во природните убавини на нашиот Национален парк Галичица и Охридското Езеро како дел од него.

Овој прототип, нормално може да се усовршува и со индустриско производство, целосно да ги истисне бензиските мотори на пловилата.

Brod 3    Brod 9

Промоцијата на пловилото на соларен погон ќе се изврши на ден 21.06.2022 година (вторник) на плажата „Кај Дивоно“ (поранешен хотел „Парк“) со почеток во 10:30 часот. За таа цел ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид ги поканува заинтересираните граѓани да присуствуваат на овој промотивен настан, а истовремено им честита на менторите и учениците за успешната реализација на овој проект со кој се дава придонес кон заштитата на природната средина.

Публицитет.мк 

 
Посетеност: 65
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Миле Цветаноски

Next Post

Интернационална Конференција: Дигитално граѓанско општество се одржа во Охрид

Next Post
Интернационална Конференција: Дигитално граѓанско општество се одржа во Охрид

Интернационална Конференција: Дигитално граѓанско општество се одржа во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 65

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk