Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за „Ден на светскиот мир“ .
Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.
Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 Септември (четврток ) овој историски ден ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото “Заедно за мир-почитување, безбедност и достоинство за сите”, во нашиот град-Охрид. Маршот ќе се одвива по ул:” Кеј Македонија” до крајната дестинација-плоштадот, т.е. пред споменикот “Св.Климент Охридски”.
Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде во кругот на Организацијата ( стара дирекција на “Гранит”), во 11:00 часот . Прославата ќе биде на плоштадот „Св.Климент Охридски“. Ќе следи положување свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.Ќе се чита пораката на Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, а пред присутните ќе се обратат претставник на општина Охрид и претставник на СБ од Охрид и Дебрца. На крај е предвидена културно-уметничка програма. Покрај борците и граѓаните продолжувачи, се очекува масовно учество да земат и претставниците на АРМ , пензионерите, учениците, студентите, претставниците на Политичките партии, Невладините организации и Здруженија на граѓани.
Публицитет.мк