Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 19. декември во црквата Св. Никола Геракомија – Варош – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“.
Со литургијата ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на празникот.
Публицитет.мк