И овој петок навечер на Публицитет.мк ќе Ве очекува ново аудио интервју.
Гостин – домаќин во „Мојот живот, мојот свет“ овој пат е д-р Сашо Стоев, стоматолог – сопственик на истоимената стоматолошка ординација во Охрид.
Д-р Сашо токму денес го слави својот 38 роденден, Публицитет.мк му посакува среќа и да му се исполнат сите желби, а интервјуто доаѓа само три недели пред јубилејната 10 годишнина од успешното функционирање на неговата ординација.
Стоматологијата овој пат не беше примарна тема во разговорот. Новинарот и водител Милчо Јованоски се обиде да допре до одговорите на други секојдневни и важни прашања од животот на еден човек, кому семејството му е пред се’ и над се’.
Уште една интересна сторија и животна филозофија проткаена со музика по избор на гостинот и со многу нешта кои тераат на размисла дека ЖИВОТОТ Е УБАВ и дека треба да му се насмевнете, за и тој да ви се насмее
Д-р Сашо Стоев утревечер по 23 часот во „Мојот живот, мојот свет’
Публицитет.мк